(ФОТО) Лавица ги одвитка божиќните подароци во зоолошката градина во Хамбург

од desk3
89 прегледи

Животните од зоолошката градина во Хамбург веќе ги отпакуваа своите божиќни подароци, пишува faz.net. Портпаролката на зоолошката градина Симоне Хагемајер рече дека лавовите се осмелили брзо да ги отпакуваат големите пакети, приготвени за нив. Луѓето кои работат таму, се грижат животните секој ден да имаат различни активности.