-11 Берово, -8 Скопје-Петровец, Струмица, Кр. Паланка, -7 Тетово, -6 Битола…

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-11 Берово, -8 Скопје-Петровец, Д. Капија, Струмица, Кр. Паланка, -7 Тетово, -6 Скопје-З.Рид,  Битола, Виница, Дебар, Ѓуриште, -5 Куманово, Прилеп, Маврово, -3 Претор, Пожаране, Лазарополе, -2 Охрид, Крушево, 0 Тополчани, 1 Гевгелија, 2 Дојран, 8 Штип.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Ведро, студено и претежно тивко. Само во Гевгелија дува умерен северен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со слаб северен ветер Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, сончево и тивко со максимална температура до 9 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во почетокот на следната недела под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса ќе се задржи  стабилно и суво време. Температурата ќе биде во благ пораст. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер,  опаѓање на дневната температура и услови за слаби локални врнежи од снег и дожд.