Британската истражителка д-р Кејти Шин од Ексетерскиот универзитет објасни како Дедо Мраз патува по светот, и ја користи Теоријата на релативитетот на Ајнштајн, пренесе. “Дејли мејл”.
Добриот старец намалува својата големина и патува со брзина од 10 милиони км / ч. Тој може да биде виден како зелена точка додека санките летаат на небото.

Д-р Кејти Шин одлучи да даде одговор на прашање кое ја измачува откако била на 7 години. Тогаш таа напишала писмо до Дедо Мраз и го прашала зошто никогаш не старее. Одговорот кој го добила, бил дека се се должи на магија. Но идната истражителка сакала повеќе рационално објаснување и го дава сама 26 години подоцна.
Дедо Мраз се спушта по тесни оџаци, го обиколува светот, без да биде виден или чуен и носи подароци на 700 милиони деца за 31 часа, совладувајќи ги различните временски зони.
Според теоријата на релативитетот на Ајнштајн објектите кои патуваат со голема брзина, ја намалуваат својата големина. Тоа значи дека Дедо Мраз се намалува, што му овозможува да ги става големиот стомак и големата вреќа со подароци во оџаци, вели д-р Кејти Шин.
Исто така омилениот дедо на сите деца се движи незабележано, бидејќи светлосните бранови се уништуваат при високи брзини. Тој се движи повеќе од 200 000 пати побрзо од најбрзиот човек во светот Усаин Болт, пресмета истражителката. При движењето Дедо Мраз ја менува бојата од црвена во зелена и може да се види како нејасно одцртување со боите на виножитото. Но, кога брза најмногу, старецот е целосно невидлив за човечкото око.
Д-р Кејти Шин даде корисни одговори за родителите чии деца поставуваат прашања во врска со Дедо Мраз. Таа се надева дека нејзината теорија ќе го поттикне интересот за физиката кај децата и ќе ја претстави јавно на божиќниот фестивал на науката во Ексетерскиот универзитет.