
65 музичари од еден од најпознатите машки хорови во светот “Александров” загинаа во тешката авионска несреќа на Ту-154 крај Сочи. Ансамблот за песни и танци на Руската армија е формиран во 1928 година под раководство на професорот од Московскиот конзерваториум Александар Александров и до денес го носи неговото име. Александар Васиљевиќ Александров е роден на 13 април 1883 година во село Плахино, Рјазанска област. Тој е руски и советски композитор, хорски диригент, народен артист со звање генерал-мајор.
Хорот е најголемиот воен уметнички колектив во Русија. Првиот јавен настап имал на 12 октомври 1928 година во Централниот дом на Црвената армија. За време на Втората светска војна Ансамблот има над .1500 концерти пред армијата на СССР. Подоцна хорот патува во Авганистан, Југославија, Трансдњестар, Таџикистан, чеченските република и др. Во 1978 година е прогласен за академски ансамбл. Настапувал во над 70 земји во светот. Во 2004 година прави концерт во Ватикан по повод роденденот на папата Јован Павле II. Во овој состав влегуваат вкупно 186 лица. Од мај 2016 година шеф на ансамблот е генерал-полковник Валериј Халилов. На денот на несреќата уметниците од ансамблот оделе да им ја честитаат Новата година на авио групата на руските воено-вселенски сили во авиобазата Хмејмим во Сирија.