
Фенг шуи тврди дека каква ви е куќата, такви ви се и мислите, подредете ја за да се поправи животот. Фенг шуи мајсторите советуваат сами да го повикате здравјето и среќата во домот. По празниците особено по божиќните секој се надева дека животот ќе започне да му оди подобро.
Покрај тоа што потребно е да се имаат само позитивни мисли и е потребно да го декорирате својот стан како советува источната филозофија за да привлечете се што е позитивно на вашата страна.
Пред се е потребно да се исчисти и да го организиратре дом како што се вели од подот до таванот.
Се непотребно треба да биде фрлено. Прво, треба да се ослободите од сите оние предмети и облека кои стојат фрлени во кабинети и гардероби. Потоа исчистете се од нечистотии и прашина. Така ќе се ослободи местото каде живеете од непотребно оптоварување.
Чистиот дом украсете го со свеќи, кои редовно е потребно да се палат. Многу е важно да се донесе декорација во црвени, пурпурни, сребрени и златни нијанси. Цветната декорација распоредете ги хармонично низ целото живеалиште. Но, внимавајте да има место за повеќе огледала и светли катчиња.
Според фенг шуи боите играат важна улога во привлекувањето на здравје и среќа. За да имате хармонични односи во семејството изберете зелена боја. Декорација во зелено се става во источниот дел на куќата.
Ако сакате кариерата во 2017 година да ви тргне главата напред нагоре и изберете сината боја. Украсете го северниот дел на дом во синие нијанси.
Не заборавајте за време на празниците да вклучите и црвената боја. Огнените нијанси се поврзуваат со среќата како и со љубов и страст. Фенг шуи советува дека така ќе привлечете повеќе богатство и луксуз. Користете црвеното во изобилство поради тоа симболизира огнените елементи.