Кливленд го освои големото божиќно дерби со Голден Стејт

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Тимот на Кливленд Кавалирс го победи Голден Стејт со 109: 108 како домаќин во големото дерби на Националната кошаркарска асоцијација,кој  игра на денот на  Божиќ.

Шампионот од последните две години не ја  разочараа публиката и направија вистинско шоу, како Леброн Џејмс и компањоните го  стопија дефицитот од 14 поени во последниот дел, за да стигнат до успехот. Решителниот кош  го реализира Каиро Ирвинг, кој успеа да постигне кош на3 .4 секунди пред крајот, и покрај добрата заштита на Клеј Томпсон. Најпрецизен за Кавалирс беше Џејмс со 31 поени и 13 скока, Ирвинг додаде 25 поени и 10 асистенции.

На ноќеска одиграните дуели беа постигнати следниве резултати:

Њујорк – Бостон 114:119,
Кливленд – Голден Стејт 109:108,
Сан Антонио – Чикаго 119:100,
Оклахома Сити – Минесота 112:100 и
Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс 111:102.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 27-5, Сан Антонио 25-6, Хјустон 22-9, ЛА Клиперс 22-10, Мемфис 20-12, Оклахома Сити 19-12, Јута 18-13, Сакраменто 13-17,…

Пласман Источна конференција: Кливленд 23-7 (победи – порази), Торонто 21-8, Бостон 18-13, Шарлот 17-13, Њујорк 16-14, Атланта 15-15, Милвоки 14-14, Индијана 15-16.