Во Грција 63% од граѓаните веруваат дека постои веројатност за предвремени избори следната година, покажува новото истражување на јавното мислење, пренесува интернет изданието на весникот Kathimerini.

Анкетата покажала дека мнозинството од испитаниците чувствуваат јаз меѓу Владата на земјата и меѓународните кредитори, а зголеменото јавно незадоволство е наведено како главна причина за предвремени избори во 2017 година .

Побарано  е да се  наведе зборот кој најдобро опишува како се чувствуваат, 63 , 1% од испитаниците  избрале “тревога”, 47,9% “страв”, 29,7% “гнев” и 24.3% “срам”.