Ердоган тврди дека има докази дека предводените од САД коалициски сили поддржуваат терористички групи во Сирија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека има докази дека предводените од САД коалициски сили давале поддршка на терористички групи, вклучувајќи ја Исламска држава и курдските вооружени групи Сили за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз.

– Тие не обвинуваа нас дека ја поддржуваме ДАЕШ (Исламска држава), изјави Ердоган на прес-конференција во Анкара.

– Сега тие поддржуваат терористички групи, вклучувајќи го и ДАЕШ. Тоа е многу јасно. Ние имаме потврдени докази со слики и видеа, посочи турскиот претседател