Тоа се првите големи дела против пучистите во Турција

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Државниот удар против Ердоган не успеа.

Денес 29 полицајци беа изведени пред суд во Истанбул под обвинение за организирање и учество на обид за преврат против претседателот Реџеп Ердоган од 15 јули. Ова е првото дело против превратаџии во градот , и е дел од масовната чистка, која го проследи неуспешниот обид за смена на власта. Обвинетите, од кои 24 се во притвор, беа изведени пред законот во судницата во затвор во Силиври крај Истанбул.

Се очекува првото сослушување да продолжи за околу  четири дена. Самото дело започна со читае на имињата на обвинетите за злосторствата за кои се изведени пред суд. Тие се обвинети за одбивање да се потчинат на наредби за заштита на претседателот Реџеп Ердоган во ноќта на превратот. Тие исто така се обвинети за учество во нелегална мрежа на следбеници на проповедникот Фетхулах Гулен, сочен за главен организатор на превратот. Ако бидат прогласени за виновни 21 од обвинетите ќе добијат по три доживотни казни, а останатите осум можат да добијат казна помеѓу 7 и пол и 15 години затвор. Пет месеци по превратот во некои од турските провинции почнаа  да се дефинираат  преврататџиите, но денешниот судски процес е најзначајниот досега. Случајот се води на позадината на зголемување на меѓународна критика кон начинот на кој властите ги елиминираат  наводните симпатизери на Гулен. Досега над 41 000 луѓе се во затвор, а  само во текот на изминатата недела уапсените се 1096 лица. / АФП