-9 Лазарополе, -7 Маврово, -6 Претор, -5 Крушево, Прилеп, -4 Битола, Охрид, -3 Дебар…

од Vladimir Zorba
111 прегледи

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во сm (во 7 часот):

8 Крушево, 9 Маврово, 11 Лазарополе.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-9 Лазарополе, -7 Маврово, -6 Претор, -5 Крушево, Прилеп, -4 Битола, Охрид, -3 Дебар, -2 Тополчани, Кр. Паланка, Ѓуриште, Берово, Пожаране, -1 Скопје Петровец, Тетово, Д. Капија, 0 Куманово, Штип, Виница, Струмица, 2 Скопје Зајчев Рид, 4 Дојран, 6 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.

3 Прилеп, 4 Дебар, 6 Тополчани, Крушево, 8 Претор, 9 Пожаране, 10 Битола, Охрид, 14 Маврово, Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер (повремено со брзина околу 100 км/час, особено на планините). Локално ќе провејува слаб снег. Температурата ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно и ветровито, повремено со силен северен ветер и со услови за провејување на слаб снег. Температура до околу 3 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со провејување на слаб снег и ќе дува силен северен ветер. Дневната температура на повеќе места ќе се задржи негативна. Од петок следува постепено разведрување и значително спуштање на утринските температури. За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.