Вирусен менингит се појавил кај деца во скопската градинка „Пролет“ во Козле, Општина Карпош. Според информациите од градинката, кај едно дете е потврдена заразата со вирусен менингит, а кај уште едно дете постои сомнеж, но во тек се здравствени прегледи. 
Двете деца се повлечени од престој. За случајот тие го известиле скопскиот Центар за јавно здравје.
Менингитисот е воспаление на мембраните на мозокот. Станува збор за исклучително заразно заболување кое може да се пренесе преку нечисти раце, кашлање и кивање или близок контакт. Најголем дел од случаите на менингитис се резултат на вирусна инфекција.