(ГАЛЕРИЈА) Се продава автомобилот S-Class Pullman Guard, кој му служел на Владимир Путин

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Колекционерите се луди на тема автомобили, кои им припаѓале на познати личности. А сопственикот на оваа е … најблаго речено познат. Во германскиот сајт mobile се појави оглас за автомобилот W140 кој бил во верна служба на Владимир Путин. Цената на таков автомобил се определува од угледот на човеко. Затоа и цената на овој оклопен Pullman е неверојатно 1,3 милиони евра.

Возилото е раздвижувано од 6,0-литарски V12 мотор со речиси 400 КС (Ќе кажете “само”, а има поминато 25.000 км, што е многу за сличен вид навозило.

Германската лимузина се нуди на приватен продавач, Сергеј Уров е подготвен да го покаже возилото на секој кој сака да отиде до Москва. Оклопната машина S600 одговара на класа Б6 / В7.


Како се одредува цената на ваков автомобил? Очигледно на око, но приказните кои доаѓаатр од на сличен вид на автомобили се преживуваат, носат огромна тежина. Последната приказна од сличниот вид се одигра во септември, кога омилениот возач на Путин го изгуби животот при директен судир во руската престолнина.


Во 2017 година во гаражата на руската власт треба да бидат паркирани првите автомобили од проектот “моторизираната придружба”, во рамките на кој се развиваат седан, теренец и minivan. Најпозната сепак останува претседателската лимузина, која треба да е подготвена до 2018 година. Таа ќе се движи од 12-цилиндричен мотор со моќност 860 КС