Компанијата ЕВН Македонија и Црвениот крст ја почнаа хумнанитарната акција „Да споделиме радост“. Со акцијата, за 300 деца од социјално загрозени семејства и за деца со посебни потребни е организирана новогодишна претстава и им се поделија пакетчиња.

Акцијата почна денеска од Скопје, а за време на празничната недела ЕВН Македонија ќе подели новогодишни пакетчиња и за децата од Битола, Штип, Струмица, Кочани, Кичево, Струга и Гевгелија. „Најважни се дечињата кои што имаат помалку можност да добијат подароци. На нив ништо не им е доволно за да им го направиме животот поубав, но барем за момент ќе предизвикаме радост на нивните лица, а насмевката на овие деца е најискрена. Веќе неколку години со Црвениот крст им овозможуваме на децата да споделиме радост со нив“, изјави Ленче Карпузовска,од ЕВН Македонија.
„Сметам дека денешниот настан предизвика позитивна енергија кај дечињата, но и кај волонтерите на Црвениот крст, заради тоа што сите заедно правиме нешто што навистина го одбележува овој момент пред новогодишните празници. Тоа е позитивно за да навлеземе во новата 2017 година, а со тоа заеднички да ги препознаваме проблемите во заедницата и да им олесниме на сите оние кои имаат потреба од помош и поддршка“, рече Сузана Тунева Боновска, од Црвениот Крст на РМ.