(ВИДЕО) Граѓански протест и предлог мерки против загадувањето

од Vladimir Zorba
97 прегледи


Итни мерки против загадувањето, наместо панорамско тркало. Проблемот со опасните ПМ 10 честички да им да стане врвен париоритет на Владата и на Градот Скопје, порачаа граѓанските активисти од протестот во Градскиот парк, информира Телма.

Тие излегоа со итни предлог мерки како воведување рестриктивен сообраќаен режим и бесплатни автобуски билети.

Пеш и со велосипеди, со маски на лицата и со транспаренти во рацете, граѓански активисти дојдоа во Градскиот парк за да го вклучат алармот кај надлежните за смртоносните последици од аерозагадувањето. Им порачаа веднаш да ги сменат приоритетите. Прв на листата да се најде загадениот воздух и да се преземат итни мерки.

„Не станува збор веќе за криза, за проблем, ова е сега елементарна непогода. Еквивалентно е на пожар, на поплава, исто како поплавите што ги имавме во Стајковци. Светска банка излезе со статистика дека 1350 луѓе годишно што умираат, значи 4-ца дневно гинат, тоа се жртви на загадениот воздух.“

„Има мерки кои се движат од прост систем на пар-непар, до укинување на цената на јавниот превоз.“

Активистите поддршка добија од лекари и екологисти. Тие побараа одговор на прашањата колку пари се собираат за екологија по основ на даноци и каде тие се трошат.

Целиот текст можете да го прочитате тука