Во Италија почина креаторот на Kinder Surprise

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Вилијам Салис, на кого му се припишуваат основните заслуги за создавањето на најпопуларните чоколадни јајца за деца со скриено изненадување во нив, почина во Италија на 83 години, соопшти неговата фондација, цитирана од новинската агенција “Франс прес”.

Тој се лекувал од мозочен удар во болница во Павија и починал во четвртокот, додадоа од фондацијата.

Салис (во Италија неговото име се изговара Салич) работи за компанијата Ferrero од 1960г. и се издига до десна рака на шефот Микеле Фереро, творец на чоколадната паста со лешници Nutella.

Во 70-тите години Фереро бара начин да го продава велигденскиот десерт јајцето надвор од Велигденските празници.

Резултатот е Kinder Surprise со капсула и мали делови, од кои децата прават играчка. Успехот е брз и долготраен.

За повеќе од 40 години компанијата има продадено милијарди такви јајца. Салис често велел дека пронаоѓачот е Фереро, а тој само ја реализирал неговата идеа од материјалите. Но тој стои исто така зад популарните производи наFerrero Rocher и Pocket Coffee.

Тој е роден е во Торино, асе пензионира во 2007 година, со бонус од 400 000 евра. Сумата ја беше вложил во камп на фондацијата на италијанската ривиера со цел да им помага на деца на 13-18 години и тие да развијат талент.

Историјата на Kinder Surprise е обележана и со некои трагични инциденти како оној од Тулуз минатиот јануари кога девојче се задави до смрт од ингестијата на помало парченце од играчката. Во САД овој производ не се продава заради закон од 1938г. се забранува внесување на какви и да е предмети во храна.

Во Чиле минатата година чоколадните јајца беа забранети во кампања за борба против дебелината кај децата.