ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).
3 Берово, 4 Крушево, 12 Маврово, 13 Лазарополе.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-13 Маврово, -12 Лазарополе, Крушево, -9 Берово, -8 Прилеп, Битола, Пожаране, Претор, Ѓуриште, Кр. Паланка, Тетово, Тополчани, -7 Охрид, Виница, -4 Скопје-З.Рид, -3 Скопје-Петровец, Штип, Куманово, -2 Струмица, -1 Дојран, Д. Капија, 0 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта иа изутринава преовладуваше променливо облачно време, нешто поведро беше во западните делови. Дуваше слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен северен ветер, во Штип со брзина околу 50 км/час.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието претпладне и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени. Во текот на Новогодишната ноќ ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен северен ветер и температура од -10 до -2 степена.
СКОПЈЕ
Претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура до 3 степени, а во текот на Новогодишната ноќ околу -7 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До вторник ќе преовладува стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата (-13 до -5степени), на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од утре ќе бидат во благ пораст. Во средината на наредната недела ќе има преодно наоблачување со слаб локален дожд во пониските места и слаб снег на повисоките места и планините