Во текот на минатата година во Република Македонија се родени 29.000 бебиња.
Меѓу новородените, според податоците на Управата за евиденција на матичните книги, најчести имиња кај девојчињата биле Сара, Јана и Калина, додека кај момчињата Тадеј, Михаил и Јован.
Најкарактеристично име дадено годинава е Лемур.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во декември се родени 1.763 бебиња, а најчести имиња биле Марко и Јана.