Во 2016 година се убиени 93 новинари и медиумски експерти, покажуваат новите статистички податоци на International Federation of Journalists.

Федерацијата, која претставува 600 илјади членови во 140 земји,  каде од Македонија членуваат ЗНМ и ССНМ, во петокот објави листа со 93-ца новинари и медиумски професионалци, кои беа убиени во 2016 година во инциденти поврзани со нивната работа. Други 29 загинале во две авионски несреќи.

Трагично починатите, вклучувајќи од убијци, бомбашки напади и инциденти при вкрстен оган, се од 23 земји во Африка, Азија-Пацифик, САД, Европа, како и на Блискиот Исток и регионите од арапскиот свет.

Во прилог на 93-те намерни убиства 20 бразилски спортски новинарите загинаа во авионската несреќа над градот Меделин во Колумбија, земја каде што за прв пат по многу години во 2016 година немаше регистрирано убиство (на новинар). Во 2015 година таму беа ликвидирани тројца.

Девет руски новинари загинаа во несреќата на воениот авион