Руските дипломати, кои беа протерани од САД, веќе се во  родната земја. Авионот им пристигна во Москва рано утринава. Групата соработници на руската амбасада, кои требаше да се вратат принудно во Русија по барање на американските власти, пристигнаа со авион на специјалниот руски авиоотрејд. Тој ги зеде од меѓународниот аеродром во Вашингтон.

Во четвртокот САД најавија санкции против Русија поради нивното мешање за време на американските претседателски избори и наредија да бидат протерани 35 руски дипломати. Властите утврдиле дека тие интервенирале  во корист на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Во одговор на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија ќе преземе адекватни одмазднички мерки. Рускиот претседател Владимир Путин, сепак најави дека нема да бркаат американските дипломати од Москва.

Во меѓувреме Владимир Путин ги покани децата на истераните  дипломати на новогодишно прослава во Кремљ.