Грција ја пречека Новата година со зголемување на даноците

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Дали за кафе, цигари или гориво – Нова година на Грците им донесе многубројни даночни зголемувања, пишува германскиот весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung

Националните медиуми во оваа балканска земја нанижаа долга листа со зголемувањата кои  ги очекуваат корисниците во 2017 година. Владата објасни зголемувањето на даноците со потребата од заштеда на 2,45 милијарди евра оваа година. Така на пример оние кои полнат гориво во Грција, треба да знаат дека бензинот ќе биде со три евроценти поскапо (од 67 на 70 евроценти). Дизелот пак отскокнува со осум евроценти. Најголемо е зголемувањето на природниот гас – со 10 центи, достигнувајќи до 0,43 евра за литар.