Властите во Турција го идентификувале напаѓачот од истанбулскиот ноќен клуб “Реина”, во кој загинаа 39 лица, славеници на ПРЕЧЕКОТ на Новата година, пренесуваат АФП и ТАСС.
Потсетуваме дека во новогодишната ноќ маж пукаше во еден од најпознатите ноќни клубови во Истанбул. Во нападот загинаа 39 лица, а шеесетина беа повредени, од кои двесетина странци-славеници.