Воз, движејќи се по Атлантскиот терминал во њујоркшиот кварт Бруклин излета од шините. Инцидентот се случил во екот на утринскиот сообраќаен метеж во 8.30 часа по американско време. Повредени се над 37 лица, засега не се знае каков е степенот на повредите, а има многу луѓе кои заглавени и имаат посекотини по лицето и телото.
Патниците раскажуваат дека се почувствувале тресење, проследено со силен удар.
“Се на најдов подот, очигледно бев падната, не знам што се случи, но имам среќа што преживеав”, раскажува за ABC еден од повредените патници.
Сведоци раскажуваат дека ситуацијата во моментов е многу напната, луѓето се по шините и на платформата, други лежеа и се држат за главите, а има и такви, кои трагаат по блиски.
Не е јасна причината за инцидентот, утврдено е само дека возот се движел со голема брзина, на делница во која треба да се оди со нормална брзина.
![]()
![]()