Терористот од “Реина” е член на “Исламска држава”, во групата е наречен Абу мусли Хорас. Засега не се објавени официјалните му имиња објавуваат  турски медиуми.

Утрово министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави дека е идентификуван човекот кој уби 39 лица и рани 69 славениви  во ноќниот клуб во новогодишната ноќ.

Во меѓувреме, во Измир се уапсени 27 лица, поврзани со терористот. Тие се од 3 семејства кои пред 20 дена пристигнале од градот Коња.

Терористот и неговото семејство летале на 20 ноември пред нова година од Киргистан за Истанбул. Два дена подоцна Хорас, неговата сопруга и нивните две деца пристигнале во градот Коња, каде за 1100 фунти изрентале  гарсоњера  за три месеци.

Пред брокер и соседите во задругата, тој рекол дека е од ујгурскоите  Турци во Киргистан. Токму соседите дале информации на полицијата за мажот  веднаш  по терористичкиот напад во ноќниот клуб “Реина” во Истанбул,  дека таков човек живее во Коња.

Откако била уапсена, неговата сопруга таа кажала  при сослушувањето дека тој не е член на “Исламска држава” и дека дури не му се ниту  симпатичнии. Последен пат  двајцата се виделе на 29 декември, кога терористот тргнал од Коња за Истанбул.

Во новогодишната ноќ терористот сменил 8 такси возила , тоа се разјаснува од последните видеа со кои располага истанбулската полиција, посочуваат локалните медиуми.