Отворена скијачката сезона на Попова Шапка

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

На Попова Шапка од денеска е отворена новата скијачка сезона.

Скијачкиот центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки.

Како што информираат од Скијачкиот центар од утре ќе важат вообичаените цени за ски билетите. Во функција се ставени жичарницата „Св. Илија“ и ски – лифтовите „Поток 1“, „Поток 2“, „Аеродром“ и „Ге“.