
Македонија пат склучила договор тежок 945 милиони 216 илјади 819 денари со три компании за чистење на патиштата, информира 24Вести.
Блокадите и метежите кои вчеравечер се создадоа на одредени патни правци низ земјава го покренаа прашањето за ефикасноста на компаниите на кои, според објавениот договор на системот за јавни набавки, им биле доделени околу 1,5 милиони евра. Станува збор за:
Друштво за транспорт, трговија и услуги НБ-ТРАНС СОМПАНУ ДОО Тетово со кое е склучен договор од над милион евра,
Друштвото за производство, трговија и услуги ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ увоз-извоз с. Долно Строгомиште, Зајас за 113.000 евра
и со Друштво за превоз, производство, трговија и услуги ЈОСКАТРАНС-ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Демир Хисар за 323.000 евра.
Предмет на договорот е патни работи во зимски услови на сите државни патишта во РМ за сезона 2016-2017.
Вчеравечер од јавното претпријатие Македонија пат тврдеа дека се подготвени да се справат со снежните нанoси.
Раководителот денеска до објавувањето на овој прилог не одговори на повикот на 24 вести за одговор на неколку прашања кои остануваат отворени: каде се фирмите кои се платени за расчистување на улиците, дали било која се вклучи во чистење на снежните наноси, со каква механизација и каде и дали некој ќе поднесе одговорност за блокадите кои настанаа на неколку патни правци во изминатово деноноќие како Велес – Скопје, Кавадарци – Неготино или Штип – Кочани.
Целиот текст можете да го прочитате тука