Косово ја обвини Србија дека провоцира “тензија и конфликти” на Балканот поради апсењето во Франција по нејзино барање на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај.

“Владата е загрижена од ова апсење и судската постапка”, изјави на владина седница премиерот Иса Мустафа, цитиран од AFP.
Мотивацијата на Белград е “политичка и непријателска”, рече Мустафа, додавајќи дека апсењето е “целосно незаконски и неправичен” и може да доведе “до предизвикување тензии и конфликти и да го уништи процесот на евроинтеграција на регионот”.
Два пати суден и ослободуван , Харадинај беше уапсен во средата на аеродромот во Франција со европска потерница издадена од Србија во 2004 година.
Го обвинуваат за воени злосторства за време на конфликтот 1998-99 година .
Харадинај беше премиер во периодот 2004-2005 година, а сега ја предводи опозициска партија. Тој се спротивставува на нормализирање на односите Косово-Србија, за што сепак е поддржан од соработникот од косовската војна, Хашим Тачи, кој сега е претседател на Косово.