Беззаконие и самоволие во Сојузот на синдикати – вака експертите го оценуваат вчерашниот упад и физичката пресметка во ССМ, информира 24Вести.

Четириесетина сомнителни лица од приватно обезбедување на Живко Митревски во раните утрински часови упаднале во зградата и ги истуркале синдикалците, но и полицијата. Синдикалните претставници велат дека луѓето не се легитимирале и немале никаква ознака која укажува дека се работи за агенција за обезбедување. За експертите овој потег е вандализам и кршење на законите.
Од МВР потврдуваат дека настанот е пријавен како нарушување на јавен ред и мир со физички напад, но не одговорија зошто полицајците не реагирале иако нивните ингеренции се поголеми од оние на приватното обезбедување. Разрешениот Митревски пак за 24 вести вели дека зградата на ССМ ја обезбедува синдикалната агенција Синаг, но и дополнителна служба за обезбедување поради функционирањето на ректоратот на Мајка Тереза. Митревски не прецизираше која агенција ги избркала синдикалците, но тие велат дека лицата не биле од синдикалната Синаг.
Целиот текст можете да го прочитате тука