Вестбрук запиша 17-и трипл-дабл сезонава

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Оклахома Сити Тандер се наметна над Денвер со 121: 106 на домашен терен, а најголемата ѕвезда на домаќините Расел Вестбрук го  реализира 17-тиот трипл-дабл сезонава во средбата.

Првата половина од дуелот беше целосно еднаква и заврши 60:60, но по паузата Тандер ја презедоа иницијативата и ги  освоија следните два дела со 28:20 и 33:26. Вестбрук заврши со 32 поени, 17 скока и 11 асистенции. Убедлива победа дома забележа Сан Антонио Спарс против Шарлот Хорнетс