Со скриена камера е снимен разговорот на претставник на амбасадата на Израел со англиската чиновничка кој прерасна во скандал. Израелскиот дипломат Шаи Масон се изразил грдо  на адреса на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон.

Снимката е од октомври 2016 година, но излегува на виделина дури сега. Шаи Масон вечерал во друштво на својата познничка  Марија Стрицоло и некој Роберт, кој се покажал како новинар. Токму тој  го запишал разговорот, поради кој се кренало толку врева. Останатите присутни на средбата не знаеле дека нивните зборови се снимаат.

“Знаете, тој (Борис Џонсон) е идиот, но како министер за надворешни работи нема никакви обврски”, изјави израелскиот дипломат . Тој зборувал и за потребата да се “тргнат” Ален Данкан, еден од замениците на Џонсон, кој ја критикувал политиката на Израел. Снимката, објавен од “Ал Џезира”, стана меѓународен скандал.

Амбасадорот на Велика Британија во Израел веќе ги даде своите извинувања и увери дека Шаи Масон ќе престане наскоро да работи во амбасадата.

Борис Џонсон стана министер за надворешни работи, откако Тереза Меј ја  зазеде фотелјата на премиер – министерот. Таа дојде по Брекзит,  на местото на Дејвид Камерон .

Самиот Џонсон беше меѓу најжестоките поддржувачи на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Пред да ја заземе таа функција тој беше градоначалник на Лондон и доби широки признанија благодарение на реториката, и ветувањата.