Казахстанската Ванѓа за 2017-та: Кина станува №1, уште 3 мандата за Путин, тешки времиња за ЕУ ​​и САД

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Казахстанската Ванѓа, или како што е нејзиното вистинско име Вера Лион е сметана за една од најголемите пророчици на нашето време и директна заменичка на Петричката јасновидка. Нејзините зборови се базирани на привиденија, кои секогаш се следат со голем интерес.


Предвидувањата на Лион за 2017 година исто така се љубопитни, соопшти u-f.ru.
Првата нејзина проценка е дека за Европа и САД претстојат “тешки времиња”. “Западот е гнил однатре, тој си заигра со ѓаволот, јса продаде својата душа. Тоа не им се допаѓа на вишите сили и ќе има казна за овие земји “, вели Лион.

Според неа, водечка сила на планетата ќе стане Кина, бидејќи оваа земја нема да биде погодена од глобалната економска криза. “Ќе има многу нови инвестиции во Хонгконг, тоа ќе и гарантира на оваа земја приходи, силна армија и процут на пазаро”, вели јасновидката.

Таа најави дека очекува унија меѓу Русија и Кина, а луѓето ќе бараат во овие земји заштита, откако светот ќе преживее уште економска катастрофа.
За Путин таа предвиде уште три мандата и го предупреди за бескрупулозните чиновници, кои се наоѓаат во близина на него.

Вера Лион предвиде “зомбирање” на Украина од САД. Постојана невработеност, можен е банкрот на владата во Киев, но се очекува таму да се појави силен лидер кој ќе ја спаси земјата од пропаст.