5 професиии заштитени од рецесија

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Со овие професии нема да остане без работа. Колку и да не сакаме да можеме да ѕирнеме во иднината, сепак ја немаме оваа можност.

Навидум има повеќе сигурен предвидувања на астролози и јасновидци во врска иднината, но никој не може да биде сигурен кога ќе не удри следната економска криза.

За да не се грижите непотребно за својата иднина само изберете професија која ќе ви гарантира дека нема да останете невработени дури и за време на рецесија.
Еве пет професионални области кои се сметаат од специјалистите за најмногу стабилни дури и при слаба економска ситуација:

1. Сферата на науката и наставата
Ако сте наставник нема да стекнетеголемо богатство, но секогаш ќе имате работа. Ако пак сте професор на Универзитетот и имате научен степен, имаш опција за постојана кариера. Дури економијата во земјата да не се развива добро, сепак ќе има потреба од наставници и професори на секое едно ниво.

2. Медицински работник / лекар
Ако сте стоматолог, лаборант, акушерка, медицинска сестра, доктор, фармацевт и т.н., вие секогаш ќе бидете барани. Чисто и едноставно: секогаш ќе има болни или повредени лица, кои имаат потреба од вашата помош. Затоа е подобро да се насочите кон медицинскиот факултет.

3. Сметководство / ревизија
Секогаш ќе има компании кои имаат потреба за бизнис документацијата која требва да биде ставена во ред. Независно од состојбата на економијата, ревизии на фирмите секогаш ќе се прават, даноци секогаш ќе се плаќаат, односно од сметководители секогаш ќе има потреба.

4. погребални услуги
За жал стабилноста во оваа професионална област е загарантирана предвид реалноста дека смртта е константа во светот и секогаш ќе има потреба од погребални агенти. Ако немате ништо против мрачната природа на оваа работа, може да размислите на неа.

5. Сферата на услугите
Од електричари, техничари и водоводџии секогаш ќе има потреба – тоа е сфера која нема да ве остави без работа, какви и економски времиња да се случат.