Внимание: Вегетаријанство е штетно за мозокот

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Научниците спроведоа подолги студии кои покажуваат дека јадењето само на храна на растителна основа може да доведе до …


Истражувачите од Оксфордскиот универзитет во Велика Британија се на мислење дека долготрајнотооткажување од конзумирање на месо може да е опасно за здравјето на човекот, пишува Менаџер Њуз.
Научниците спроведоа подолги студии кои покажуваат дека јадењето само на храна на растителна основа може да доведе до намалување на мозочната маса, што е опасно за здравјето.

Факт е дека месото содржи 8 есенцијални амино киселини и протеини, кои не можат да бидат заменети целосно од растителната храна. Научниците истакнуваат дека за нормално функционирање, телото има потреба од месо, риба, млеко. Инаку организмот ќе страда од дефицит на овие аминокиселини и протеини и од недостиг на витамин Б12.

Истражувачите од Универзитетот Калифорнија во САД исто така тврдат дека се во можност да ги докажат придобивките од конзумирање на месо, а ги негираат митовите дека тоа е штетно. Причината за тоа се крие во конкретен протеин кој се наоѓа во месото и кој му треба на човечкото тело за нормален развој и функционирање. Недостатокот на овој протеин доведува до голем број на болести, вклучувајќи, нарушувања во метаболизмот и во лачењето на хормони кои се одговорни за мозочната активност.

Американските научници истакнуваат дека месните производи може дури да ја зголемат должината на животот.