Француските власти одлучуваат за екстрадиција на Харадинај

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 

Франсуките власти денеска ќе одговорат на барањата на српските власти за испорачување на Србија на поранешниот хашки туженик и лидер на Алијанса за иднина на Косово, Рамуш Харадинај.

Министерството за правда на Србија испрати барање за екстрадиција со нови докази против Харадинај додека пратеници од косовското собрание тврдат дека во прашање е монтиран политички процес, јави РТК.

– Дополнувањето на барањето за екстрадиција на Харадинај ќе биде испратено денеска, изјави српската министерка за правда Нела Кубуровиќ истакнувајќи дека Србија го бара Харадинај за злосторства над цивили во 1999 година за кои не му се судело во Хаг.