Тие се квалификувани како дрога, кои не се прифатени од медицината и не се легални.

Постојат сведоштва дека “магични печурки” може навистина да помогнат за ослободување на умот. Неколку студии, вклучувајќи две неодамнешни ветувачки клинички истражувања сугерираат дека псилоцибинот – психоактивни состојка во печурките – може да има потенцијал за олеснување на анксиозност и депресија во тешки форми, пишува Science Alert.
Но, и покрај тоа печурките се класифицирани како дрога која “не е прифатена за медицинска употреба” и се нелегални. Не им беше лесно за научниците да утврдат точно што можат да прават, а што не.
Еве неколку начини на кои печурките можат да влијаат на мозокот и телото:
Можат да ве натера да се чувствувате добро
Според Националниот институт за дрогата во САД, печурките можат да доведат до чувство на релаксација, слично на ефектот од марихуаната.
Како и другите халуциногени дроги, како LSD или Пејот, се смета дека печурките влијаат на истите нервни патишта како невротрансмитер серотонин, посочуваат од институтот.
Тие дејствуваат врз префронталниот кортекс на мозокот, кој го регулира апстрактното размислување и игра клучна улога за расположението и перцепцијата.
Да ве натера да лажетеа
Многу луѓе кои користат печурки, ја опишуваат како да “гледаат звуци” и “слушаат бои”. Истражување од 2014 година го припишува овој ефект на начинот на кој псилоцибинот влијае на комуникацијата помеѓу различни нервни патишта во мозокот. Научниците дошле до засилена активност помеѓу различни мрежи, кои обично не комуницираат.
Овие халуцинации дозволуваат да разбереме како печурките можат да помогнат за лекување на депресија.
Дејвид Нет, невролог од Импириал колеџот во Лондон, автор на истражувањето врз псилоцибина објавено во 2012 година, исто така открива промени во шемите на мозочната активност при употреба на супстанцијата.
Додека некои области стануваат изразени, други се исклучени – вклучувајќи во регион, кој се смета дека игра улога во одржување на нашето чувство за “јас”.
Кај луѓето со депресија врските помеѓу мозочните кола во овој регион, поврзан со чувството на “јас”, се премногу силни. “Луѓето кои тонат во депресивно размислување – нивните мозоци се свеснобразни” – вели Нат за Psychology Today. Слабеењето на овие врски и создавање на нови би требало да обезбеди олеснување.
Петгодишно истражување врз супстанцата претпоставува дека тоа може да послужи како “хируршка интервенција” за некои ментални болести.
Резултатите од две контролирани клинички испитувања на ефектите на псилоцибинот на пациенти кои се борат со депресија, претпоставува дека една доза од супстанцијата еден ден може да биде моќна алатка за справување со депресијата и анксиозноста.
Првото истражување е спроведено од научници од Универзитетот Џон Хопкинс, а другото – е од тим од Њујоршкиот универзитет.
Шест месеци по преживувањето 80 проценти од учесниците покажаа значително намалување на симптомите на депресија и анксиозност, измерени според златниот стандард на психијатриските истражувања.
Екипата од Њујорк вели дека меѓу 60 и 80 проценти од учесниците доживеале намалување на анксиозноста и депресијата шест месеци по еден психоделичен трип.
Ник Фернандес, учесник од 2014 година, вели дека неговиот трип го повеле на емоционално патување кое му помогнало да види “сила поголема од него”.
“Нешто во мене кликна – вели тој – и сфатив дека сите мои стравови, заштитни механизми и неизвесности не се нешто за што не треба да се секирам.”
Според психологот Џефри Гас од Њујоршкиот универзитет резултатот кај многу учесници е сличен. “Сметаме дека тоа е дел од процесот на лекување.”
Но исто така можете да се доживее анксиозност – барем додека трае дејството на супстанцијата
Во многу случаи, пријавените од истражувањето на Њујоршкиот универзитет, учесниците објавија доживување на силна вознемиреност и непријатност – кои траат од неколку минути до неколку часа по еднократна доза.
Дури подоцна некои од нив почнуваат да чувствуваат олеснување и дури ова искуство значително варира од личност до личност.
Зениците се прошируваат
Зголемените нивоа на серотонин, кои може да бидат резултат на употребата на печурки, ги тераат зениците да се прошируваат.
Чувството за време може да се наруши
Чувството дека времето се забавува, е еден од страничните ефекти на употребата на печурки, посочуваат од Националниот институт за дрога.
Може да имате исклучителни искуства.
Печурките можат да предизвикаат илузионистички искуства како да се чувствувате како целосно реални.
Овие типови на искуства во кои по употреба можат да набљудуваат верзија на себе, обично почнуваат од 20 до 90 минути по приемот на супстанцијата и може да продолжат до 12 часа, велат од Институтот.
Преживувањата варираат во зависност од тоа колку ќе прифатите, како и од вашата личност, расположение и околина.
Може да почувствувате дека имате отворена свест и имагинативна
Откако психолози од Универзитетот Џон Хопкинс предизвикуваат исклучителнис искуства кај мала група доброволци со псилоцибин, учесниците велат дека тие се почувствувале повеќе отворени, со силно имагинација и способни да оценуваат убавината.
Кога научниците ги следеле волонтерите година подоцна, речиси две третини од нив велат дека ова е едно од најважните искуства во нивните животи. Речиси половина покажале зголемена отвореност кон нови искуства, отколку пред даја прифатат супстанцијата.
Некои корисници објавијаа трајни халуцинации и перцепции поврзани со ретка болест.
Уште од 60-тите години се пријавени за поединечни случаи на заболување познато со името трајно халуциногено перцептивно растројство, при што халуцинациите продолжуваат долго по усвојувањето на халуциногата материја, обично LSD.
Џон Холпорн, асистент по психијатрија на Харвард Факултетот за медицина и водечки автор на неодамнешна студија на оваа болест, вели:
“Изгледа неизбежно – врз основа на 20 поврзани истражувања кои датираат уште од 1966 година – дека барем некои индивидуи кои се користеле LSD особено доживуваат трајни перцептивни аномалии, потсетуваат акутна интоксикација, која не може да биде припишано на друго медицинско или психијатриска болест. “