Орбан: Унгарија воведе притвор за мигранти

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави денеска дека му пркоси на Брисел со тоа што повторно вовел притвор за мигранти кои пристигнуваат во земјата, а тоа го направил поради неодамнешните терористички напади во Европа. 

– Ние повторно воведовме притвор за оние мигранти на кои барањето за влез во Европа се уште не е разгледано, истакна Орбан.

Според него, се додека нивното барање не биде разгледано, тие не можат слободно да се движат во Унгарија.

Унгарија во 2013 година го суспендираше законот за притвор, но Орбан објасни дека сега повторно „постои потреба за тоа по терористичките напади во Европа“.

– Секој закон што ги олеснува терористичките напади мора да биде променет во интерес на нашата одбрана, нагласи Орбан