
7-годишно девојче од Велика Британија почина во болница од тешки повреди предизвикани од убодни рани од нож. Детето било пронајдено заклано во парк во англискиот град Јорк во понеделникот попладне. Британската полиција ја осомничи за убиството и ја задржа за поседување оружје 15-годишна тинејџерка, која вчера се појави во судот.
Бабата и дедото на убиената Кејти Ру, како и други роднини, се исто така присутни на седницата, која траела само осум минути. Обвинетата ги дала своите податоци и треба повторно да се појави денеска пред судијата. Таа засега не е прогласена за виновна, ниту изјавила кој е мотивот за злосторството, пишува The Sun.
Родителите пристигнале на местото на злосторството во парк, кој се наоѓа во близина на семејната куќа. Тие отишле веднаш откако соседите веќе ја пронашле избодената Кејти. Мајката хистерично плачела, а таткото почнал да удира главата во ѕидот. Девојчето било пренесено во болница, каде што починало од повредите.
Адвокатот на обвинетата го потврди нејзиното име, кое за сега не може да биде објавено.