(ВИДЕО) Николиќ: Албанците бараа војна, ќе испратиме војска ако треба на Косово, секој нов обид за напад на Србите ќе заврши лошо

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Случувањата поврзани со возот се последните рефлекси на американската администрација во заминување, кажа српскиот претседател Томислав Николиќ по завршениот состанок на Советот за национална безбедност.

Тој кажа дека многу држави го поддржуваат ставот на Србија, а сега се очекува за целиот случај со возот да се изјасни ЕУ.

-Предмет на дијалогот во Брисел треба да биде само возот, односно слободата на движење, инаку не гледам за што треба да преговараме со привремените институции на Косово, рече претседателот на Србија.

Точката еден од Бриселскиот договор е слободата на движење, сите граѓани да имаат право да се движат на територијата, и да не може никој да ги спречува.

Има и точка, рече Николиќ во која се наведува дека специјалните единици РОСА не можат да се појават северно од Ибар без одобрување на НАТО и локалната заедница.

Тој ја повика ЕУ да одговори дали е точна изјавата на косовскиот премиер дека за запирање на возот косовските власти имаче согласност од Унијата?

Според Николиќ, синоќешното појавување на единицата РОСА покажува дека Албанците сакаат војна.

Ги предупредувам привремените институции во Приштина да не навлегуваат на територија каде што не можат да бидат. Ние не сакаме војна, но по Уставот сме должни да ја заштитиме секоја педа од територијата и граѓаните. Секој нов обид ќе се заврши мнгу лошо. Нека размислуваат за тоа Албанците и нивните спонзори, рече Николиќ.

-За ова сите сме сложни и единствени. Србија е подготвена да испрати оружени сили на Косово и Метохија, ако српското население во покраината е загрозено.

-Не ни е до војна, но ќе испратиме војска ако треба да ги заштитиме Србите од потенцијално убивање. Ако биде убиен некој Србин, ќе испратиме војска, сите ќе одиме на Косово, и јас ќе одам со нив, рече Николиќ.