Централната станица во српската престолнина Белград е целосно преземена од премрзатите, изгладнети и извалкани мигранти.

Централната станица во српската престолнина Белград е целосно претрупана од премрзнати, изгладнети и валкани мигранти. Над 2000 мигранти се обидуваат да преживеат под екстремно ниските температури. Термометрите овие денови паднаа до минус 16 степени. Огромниот дел од мигрантите се на возраст од околу 18 години, но меѓу нив има и деца на 7-8 години.
Тие се обидуваат да се затоплуваат на палети огнови сошто и да најдат околу станицата. Од меѓународната хуманитарна организација “Лекари без граници” предупредија дека Белград може да се претвори во новото “Кале” за мигранти во Европа.
Локално.мк потсетува дека во октомври 2016 година беше тргнат кампот со илегални мигранти крај француското пристаниште Кале. Таму имаше околу 6 илјади луѓе. Камповите беа нарекувани “џунгли ” крај пристанишниот град. Мигрантите беа главно од Судан, Авганистан и Еритреја, а целта им беше трансфер во Велика Британија во Евротунела под Ламанш.
Во моментов на територијата на Србија има околу 8.000 мигранти, кои не можат да го продолжат патот кон Европа. Огромниот дел од мигрантите одбиваат да бидат сместени во официјалните прифатни центри за мигранти во Србија, бидејќи стравуваат од брза депортација во Бугарија и Македонија, од каде што дошле во Србија.