Машарипов се сокрил под креветот при влегувањето на специјалците
Уапсениот ноќеска за крвавиот напад во ноќниот клуб “Реина” во Истанбул Абдулгадир Машарипов ја признал вината. Ова го соопшти гувернерот на Истанбул Васип Сахин. Тој додаде дека узбекистанецот поминал подготовка во Авганистан.
Вооружениот напад на ноќниот клуб во Истанбул беше извршено во ноќта на 1 јануари. Терористот го упука обезбедувањето на локалот, влезе внатре и отвори оган врз посетителите. Како резултат на нападот загинаа 39 лица од 13 земји, а над 70 беа повредени. 
Претходно веста за апсењето на терористот беше потврдена од премиерот на Турција, Бинали Јилдирим. “Вчера беше уапсен сторителот на страшниот злосторство во новогодишната ноќ, кога загинаа 39 лица. Тој е сослушна во полицијата. Постојат многу прашања, но додека продолжува истрагата, не е правилно да се прават коментари. Со текот на времето ќе бидат дадени објаснувања пред јавноста. Главното е дека изведувачот на овој грд чин е уапсен. Важно е да се утврди какви сили стојат зад терористи “, рече Јилдирим на новинарите во Анкара. 
17 дена по нападот во клуб “Реина”, во Истанбул ноќеска, како што веќе Локално.мк информира уапсен е сторителот на нападот Абдулгадир Машарипов од Узбекистан. Тоа го соопштија сите турски медиуми. Познатиот уште со кодирано име во “Исламска држава” Абу Мухамед Ел малтер бил уапсен во стан во станбен комплекс на улицата “911” во населбата “Есенјурт”, каде пристигнал пред три дена со 4-годишниот син.
Живеалиштето (стан №36) се наоѓа на 5-тиот кат на зградата. Машарипов се сокрил под креветот при влегувањето на специјалците.
Узбекистанцот покажал отпор при апсењето. Веднаш бил пренесен во болница, каде што му е укажана лекарска помош.
Подоцна бил преведен на распит во истанбулската полициска дирекција.

Потсетуваме дека Марашипов уби 39 лица и рани 71 слави новогодишната ноќ во “Реина”, на брегот на Босфор.
Во станот во “Есенјурт” имало уште 5 лица кои се уапсени. Меѓу нив и 3 жени од Сомалија, Египет и Сенегал, како и маж од Киргистан. Жените пристигнале од Африка во Истанбул, за да се вклучат во “Исламска држава”, пишува “Милиет”. Тие излегувале на купувања, и у готвеле на Машариповиот и неговиот син.

Операцијата почнала половина час пред полноќ. “Во 23.45 часот кога се слушнале чудни звуци од надвор. Комплексот е мирно место, секогаш бил заштитуван. Користиме една од најсигурни системи за следење и пропуштање во комплексот. Не може секој да влезе во него. Никогаш немало проблеми. Помисливме дека соседите се караат и повикавме полиција .
Кога излеговме надвор полицајци трчаа нагоре надолу по зградата “, раскажува очевидец кој живее во комплексот.
Друг опишува пред истанбулските медиуми како видел неколку лица од стан на петтиот кат, меѓу кои и дете на околу 3-4 години.

Живеат во комплексот тврдат дека од околу 10 дена во него живеат црнци. Киргизстанец го најмил станот, кој е во европскиот дел на Истанбул. 

Тим од 1000 полицајци бил формиран за фаќање на терористот по крвавата новогодишната ноќ во Истанбул.
Вицепремиерот Нума Куртулуш честиташе за успешната акција внатрешни работи Сулејман Соллу и полицајците.
Во заедничката акција на полицијата и турската тајна служба, според извештај на турската телевизија, уапсени се вкупно три жени и маж по потекло од Киргистан. Осомничениот за нападот, според гувернерот на Истанбул Васип Сахин, е лице од Узбекистан, кој наводно припаѓа на централноазиска ќелија на „Исламска држава“. Сахин го соопшти и идентитетот на напаѓачот, иако претходно од турската влада доаѓаа информации дека идентитетот на уапсениот е познат, но нема да биде објавен.
Турските медиуми оценуваат дека апсењето е апсолутен успех, меѓу другото и затоа што осомничениот е фатен жив.
ТЕРОРИСТОТ ОД ИСТАНБУЛ ПРУЖАЛ ОТПОР ПРИ АПСЕЊЕТО. ВИДЕТЕ ВИДЕО И ФОТОГРАФИИ ОД МОМЕНТОТ НА НЕГОВОТО АПСЕЊЕ
Фото: Агенција Анадолу и “Милиет” видео DW
