Додека ние во Македонија сеуште немаме навика да плаќаме сметки онлајн, во Естонија постои Е-државјанство. Таму може секој да стане Е-државјанин. Дури има и неколку Mакедонци кои станаа Е-државјани на Естонија.

Историјата на Естонија е слична на нашата. И Естонија е држава која излезе од комунизмот исто така и ние. Дури кај нас беше малку и по блага верзија одколку во СССР. Но Естонија моментално е многу пред нас.
Државата е позната во светот како една држава која успеала да инвестира многу во технолошки стартапи. Пред 10 години како еден стартап беше Skype, кој сега е една од најуспешните компании во свет. Но не е основан само Skype во оваа држава, исто така и Transferwise, Pipedrive, Cloutex, Lingvist и многу други компании.
Во Естонија за да отворите банкарска сметка потребно е само да бидете онлајн, исто така и да платите данок, или да отворите компанија. Се е достапно само со еден клик од вашиот компјутер.
Платформата која е заслужна за сето ова се вика X-Road. Оваа платформа им нуди на естонците да ги завршат сите потреби онлајн. Секој естонец добива картичка која преку нејзе може онлајн да извадат различни документи, дозволи, да пријават данок, лиценци, да комуницираат со администрацијата итн.
Преку е-државјанството, Естонија овозможува многу онлајн услуги како: е-банкарство, можности за отварање компании онлајн,трансфер на пари, дигитални потписи, верификување на контакти и документи.
Главното прашање што секој македонец ќе си го постави е “Кога ова ќе се случи во Македонија?” Можеби, некогаш.
подготвил Беркан Асановски