ДУИ ќе прифати влада со партијата што ќе гарантира продолжување на мандатот на СЈО. СЈО е битна за идината на Македонија и целосно расчистување со аферата прислушување, рече членот на Централното претседателство на ДУИ и долгогодишен функционер на ДУИ, Рафиз Алити во гостувањето на 24 Вести.
– ДУИ ќе прифати коалиција со партијата која ќе прифати албанскиот јазик да стане официјален јазик на целата територија. Притоа ДУИ не бара албанскиот јазик да биде прв јазик на употреба, тоа сите знаеме дека е македонскиот, рече тој.
Алити истакна дека ДУИ преговара и со двете партии од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и дека сите албански партии ова ќе го бараат од македонските партии.