По патишта отежнат сообраќа во зимски услови- каде е проодно !

од Vladimir Zorba
112 прегледи

 

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планиските превои Маврово,Стража,Пресека,Ѓавато и Плетвар.На патниот правец Валандово-Дојран исто така се воведува забрана за Тешки Товарни Возила.

            СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

Снег со слаб интензитет паѓа во целата држава, освен во источниот дел на државата.

 

 ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

            ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

 

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

 

            ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација  се однесува за македонската страна на премините.

 

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:

ВРЕМЕТО ДЕНЕС:

Претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни. Снежната покривка од овој снежен бран насекаде ќе се зголеми, на места за 20 до 30 cm. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток. Т-мин. од -4 до 1 а т-макс. -2 до 2 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од снег претпладне поинтензивни. Вкупната снежна покривка ќе достигнува 15 см. Попладне врнежите ќе завршуваат. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од -2 до 0° С.