Трамп го исфрли восочниот Обама од овалната соба дури и во Лондон

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Восочна фигура на Доналд Трамп ќе го замени восочниот Обама во Музејот “Мадам Тисо” во Лондон. Со грбот на САД, облечен во темносин костум, раце на крстот и намусен израз на портокаловото лице, восочниот дупликат на претседателот Доналд Трамп ќе ги пречекува гостите во познатиот музеј.

Специјалисти дури биле специјално најмени за да создадат идеална копија на фризурата на американскиот милијардер.

Со претворањето на републиканецот во дел од изложбата во петокот, од макетата на Овалната соба ќе биде отстранета пак восочната фигура на  Обама.

Други политичари, вклучени во изложбата на легендарниот музеј се рускиот претседател Владимир Путин и британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.