Покрај смената на претседателите, за неколку часа беше извршена и целосна промена во Белата куќа. Барак Обама му го предаде на својот наследник претседателскиот профил на “Твитер”, целосно обновен е и сајтот на Белата куќа, соопштува bTV.
Како што веќе објави Локално.мк, по старата традиција досегашниот претседател и неговата сопруга ги примија во Белата куќа идните станари непосредно пред новиот претседател да ја положи заклетвата.

Идната прва дама Мелани дондесе подарок на своите домаќини, но Гестот ја начека Мишел неподготвена.

Додека се чудеше од каде да остави кутијата, сопругот Обама најкавалерски ја зема од нејзините раце и ја однесе внатре.


Мистериозниот подарок и елегантнтниот фустан на Мелани, предизвикаа во социјалните мрежи не помалку немири отколку прославите за стапувањето на сопругот Доналд на позицијата претседател на САД.