
Мари Бучан (37) од Бирмингем е мајка на осум деца, а вели дека напорите на оваа земја да ја “принуди” да работи, влијаат многу лошо, бидејќи таа нема време за семејството.
“Не минувам ниту еден момент квалитетно време со своите деца. Секоја недела по 16 часа одам на курс и паралелно работам”, изјави во месец ноември минатата година оваа мајка. Меѓутоа, сега таа повторно е на насловните страници на британските списанија, но нејзиното извинување за избегнување на работата сега е сосема поинаква.
Откако успешно го завршила курсот, за кој е зборува, таа вели дека сега не може да најде работа, бидејќи на секое место каде што се обидела, наоѓа на ласкави и “лигави работодавачи”.

“Откако за прв пат се појавија во медиумите, неколку сопственици на автосервиси ме повикаа за интервју за работа. Разговарав со сите, за да видам какви услови ми нудат. Излезе дека тие на мене воопшто не гледаа како на работник, а сакаа нешто друго од мене “, вели Мари за таблоидот Sun, додавајќи дека иако жените денес работат и во полицијата, и во армијата, и ги имаат сите потребни вештини за тоа, поголемиот дел од мажите продолжуваат да ги гледаат како сексуални објекти.
Мари има осум деца на возраст од 3 до 15 години и сите продолжуваат живеат од социјална помош.
“Сакав да стекнам искуство и се јавував во автосервиси, но сите само ме поканува за пијалок и се обидуваа да ме користат”, вели Мари, а медиумите потсетуваат и дека пред некое време беше откриено дека купила луксузен автомобил во вредност од 70.000 фунти како и дека планира да стави силикон, за кој е планирано да одвои 4.500 фунти.
