Романија и Бугарија се уште не се подготвени за влез во Шенген. Ова го објави  средата пресслужбата на Европската комисија во редовен извештај за напредокот на двете земји во процесот на пристапување во европското безвизен простор пренесе Независимаја газета.

ЕК забележува дека страните “треба да преземат голем број на мерки во областа на борбата против прекуграничниот криминал и корупцијата, и да се спроведе реформи во судството”.

Локално.мк потсетува дека Бугарија и Романија влегоа во ЕУ во 2007 година, но веќе над 10 години се  надвор од Шенген простор. Покрај тоа граѓаните не можат да имаат корист од безвизниот режим со САД и Канада со кои имаат договор за безвизен режим со ЕУ,  а кој е во сила само за земјите во Шенген.