Холандскиот министер за правда Ард ван дер Стор поднесе оставка откако стана јасно дека лажел во парламентот само неколку недели пред парламентарните избори во земјата, јави ДПА.

Законодавниот орган го обвинил министерот дека лажел за договор на предводена од него министерство .
Скандалот ја засегна владејачката Народна партија за слобода и демократија на премиерот Марк Рјуте пред парламентарните избори на 15 март.
Скандалот е од над една година, но си новите откритија на телевизија стана јасно дека министерот за правда го сокрил договорот од парламентот меѓу судските власти во Амстердам и дилер на дрога уште во 2015 година.
Претходниот министер за правда исто така, поднесе оставка по истиот случај.