СП 2017: Прв медал од Светско првенство во ракомет за Словенија

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

 Ракометната репрезентација на Словенија со голем пресврт успеа во дуелот за 3.место да ја победи Хрватска синоќа во Париз со 31:30 и со тоа да го освои првиот медал (бронзен) на Светските првенства.
Во „малото финале“ Словенија во 40.минута беше во негатива од осум голови (24:16 за Хрватска), но сепак на крајот стигна до победата.
Во завршницата на дуелот хрватските ракометари често грешеа, а тоа го казнија Словенците за да стигнат до победата и бронзениот медал.
Најефикасен на натпреварот беше „вардарецот“ во дресот на Хрватска Лука Циндриќ со 7 голови, а кај Словенија Марко Безјак, Дарко Цингешар и Гашпер Маргуч постигнаа по 4 голови.
Финалето меѓу Франција и Норвешка се игра попладнево со почетокот во 17:30 часот