Кинески годишен хороскоп за годината на огнениот петел

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Според кинескиот календар, на 28 јануари (вчера) настапи годината на огнениот петел. Ќе биде интересна и динамична година, со многу позитивни промени.
Што ве очекува според кинескиот хороскопски знак видете во следните редови.

Стаорец (1924, 1972, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020, 2032)
Петелот му ветува на Стаорецот динамична година, заситена со многу емоции, но и со испреплетени проблеми, за кои треба да се најде соодветно решение. Не е пожелно да преземате нагли промени на динамичниот стереотип. Треба да се трудите со истиот ритам и да ги подредувате задачите на вообичаениот начин. Новитетите може да бидат повеќе штетни и да го принудат глувчето да се врати “наназад”.
Вистината е дека какви тешкотии и да застанат на патот Стаорецот ќе се соочи и ќе излезе како победник од секоја критична ситуација. Најважно е да посветува доволно внимание на семејството и на најблиските и да ги размислувате одлуките темелно и одговорно.

Можностите за промена на работа, живеалиште или географска положба треба да се проценуваат со цел перспективен ефект, за да не се покаже дека трампата била “коњ за кокошката”.

Една од главните грижи ќе е оваа за здравјето. Глувчето треба да се обложи на превенција, на оптимален режим за работа и одмор, на редовен начин на живот и да вложи доволно напори за справување со штетните навики. Тешкотиите ќе се решаваат претежно со разум и чувство за хумор. Емоциите се лош советник, такашто треба да се контролираат свесно.

Што се однесува до љубовта, искуствата ќе се контрадикторни. Стаорецот треба да е подготвен на некои компромиси за да се задржат и подобрат односите и на искреност, за да го освои срцето на избраната личност.

Бик (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021, 2033)

Борбениот Бик ќе треба да го собере целиот свој потенцијал во годината на петелот. Ќе треба да се справи со комплексни задачи, да совладува доста тешкотии. Смислата на тешкотиите ќе е да се научи да реагира флексибилно. Ќе му е многу полесно, ако го совлада жестокиот карактер кој создава дистанца помеѓу него и околината.

Како и секогаш Бикот ќе излезе победник, бидејќи тој е силен знак, но најголемата победа ќе е над самиот себе. Не е исклучено да се пресели во друг град или држава. Оваа одлука ќе биде не само успешна, но и пријатна.
На професионален план ќе забележи напредок, а во личен план ќе има можност да ги среди старите грешки и да ги надмине постоечките односи.
Здравјето ќе биде стабилно. Што се однесува до љубовта, не се исклучени и непријатни изненадувања.

Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022, 2034)

Тигарот ќе има избор во годината на петел. Ако манифестира иницијатива, ако бара нестандардни решенија, ако мисли на големо и ги оценува ефектите од активностите одговорно, тогаш сигурно ќе напредне. Тигарот треба да ја надмине конкуренцијата и да избегнува конфликти, да мисли брзо да делува смирено и да зборува аргументирано.

Не треба да ги следи слепо застоите, туку да го оценува крајниот ефект од секоја работа. Да го дистрибуира времето оптимално и да не влегува во туѓа територија.

Личните и семејните односи ќе се доста сложени. Можно е да се скрши една врска за сметка на раѓањето на нова, која и да не се случи, ќе предизвика длабок песимизам. Љубовта бара жртви, друго е прашањето колку тигарот е подготвен за нив.

Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023, 2035)

Зајакот ќе треба да го прави она што најмногу го умее, имено да брза. Годината ќе е заситена со настани – контрадикторни, често нелогични. Зајакот ќе треба да се бори со времето, да презема итни решенија, да пројави максимална активност, за да напредува.

Ќе има и помирни периоди, природно, но ќе се кратки и ретки. Зајакот треба да е и претпазлив, да ја комбинира логиката со интуиција, бидејќи во неговото опкружување има луѓе кои би го натерале намерно и би му ја злоупотребиле озлогласената добрина.

Петелот може да не му помага на Зајакот, но нема и да му пречи. Доста е да си постави реални цели, Зајакот ќе ги постигне. Ќе напредува бавно, но стабилно. Ќе успее да ги стабилизира позициите и да го подобри својот социјален статус.

Зајакот е привлечен по природа и успесите во љубовта ќе се плод на фасцинација, а не на активности. Проблемот со бракот кај Зајаците е дека немаат желба да стапат во брак, а на семејните – дека постојано ја манифестираат својата слобода. Во годината на петел овие налети може да создадат сериозни проблеми.
Спрема финансиите Зајакот треба да е претпазлив, да ги избегнува пројавите на расипништво, да троши со мерка и да се воздржи од необезбедени кредити.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012, 2024, 2036)
Змејот ќе добие добри резултати од активностите започнати во годината на мајмун. Новите потфати ќе завршуваат добро, ако се обезбедени со ресурси и не се поврзани со ризични потези. Змејот не треба да се потпира на среќа, бидејќи може да претрпи сериозни финансиски загуби и да преживее многу грижи и непроспиени ноќи.

На личен план ситуацијата ќе е мирна, ако Змејот се научи да го почитува туѓото мислење, да одговара за своите постапки со повисока доза на самокритичност, повеќе трпение и помалку егоизам – универзален рецепт за среќен љубовен и семеен живот.

Динамичната средина ќе бара превреднување на личните вредности и принципи. Кон сложените решенија Змејот треба да одговара со повеќе разум и помалку емоции, бидејќи од грешните потези ќе страда не само тој, но и луѓето до кои држи и без кои животот не би му имал смисла.
Што се однесува до здравјето, тогаш ситуацијата е поволна, додека ги избегнува ексцесите.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013, 2025, 2037)
За Змијата ќе биде тешко да се класифицира каква била годината на петел. Можеби најточно ќе е ако ја нарече “година на промените”. Ќе има незаборавни искуства, но и сериозни тешкотии. Ќе се соочи со тешкотиите, благодарение на неисцрпна енергија и стабилниот креативен потенцијал.
Змијата ќе започне нова фаза во животот, која ќе биде поврзана и со нови луѓе. Таа ќе емитува неодолив шарм, опкружувањето нејзино ќе се прошири. Колку време ќе ѝ треба за да ги реализира размислите целосно зависи од нејзината активност.

Ќе одвојува многу повеќе време за работа, отколку за забава и најверојатно времето за одмор нема да е поврзано со патувања.

Змијата ќе има апсолутна можност да расплетува таленти, да напредне, да ги надмине конфликтите и да ги следи личните односи на соодветен начин.

Коњ (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014, 2026, 2038)
Родените во годината на Коњот ќе ги изненадат сите. Тие буквално “ќе се надминат себе” во годината на петелот. Ќе вријат од енергија, ќе се решаваат како за последно, ќе работат и ќе се забавуваат со еднаков ентузијазам, кој ќе се покаже привлечен за луѓето повеќе од вообичаената околина.

Коњот ќе ги совладува проблемите со висок скок и развеана грива! Постигнувањата ќе се резултат не на среќа, туку на фокусирани напори. Доаѓаме до финалната права кога може да почувствува замор, но за кратко.
Промените ќе се поврзани со личните односи и со личните заведувања. Најверојатно ќе стави почеток на врската, која ќе го направи среќен или ќе успее да профитира од хоби, или пак ќе најде решение на тежок семеен конфликт. Дури и во многу тешки ситуации коњот ќе добива навремена помош од блиски пријатели, вклучувајќи такви родени во годината на петел. Во успесите ќе ужива не само тој, но и неговите блиски.

Коза (1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015, 2027, 2039)
Козата конечно ќе го постигне така посакуваниот мир со самата себе. Секојдневнието ќе е поврзано со многу промени. Петелот ќе ѝ обезбеди куп искуства, впечатоци, емоции, кои директно или индиректно ќе влијаат на карактерот и личноста и нејзините квалитети.

Козата ќе успее да се ослободи од некои свои недостатоци кои ја влечат назад. Нема да се случи одеднаш и нема да биде толку лесно како што изгледа, но крајниот резултат ќе биде убедлив.

Козите ќе стекнат искуство и ќе најдат начин да се искористат од него, ќе ги стабилизираат позициите и ќе го променат очигледниот став кон самата неа.

Ќе се научи да се потпира главно на себе, да презема одговорност и да не ги пренесува проблемите “од болната глава на здравата”. Плановите на Козата ќе се доста амбициозни, но силите  ќе се доволни за да ги реализира. Ако ги комбинира со доза конзистентност и доза прагма, тогаш резултатите ќе ѝ ги надминат очекувањата.

Најспокојни и балансирани ќе се личните и љубовни односи. Пожелно е да се обложите на постоечките врски и да не се фрлате во нови авантури. Колку и возбудливи да изгледаат ќе се кратки и бесперспективни. Одлуката за основање на семејство треба да е плод на внатрешно убедување, а не на спонтан порив.

Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016, 2028, 2040)

Мајмунот е мајмун! Него ништо не го плаши. Тој ги совладува тешкотиите со насмевка, а на моменти и со потсмев. Едвај ќе реагира различно и во годината на петел.

Мајмунот е вешт, сообразителен и сака “да си игра со оган”, но можеби токму поради таа причина петелот ќе е добротворен кон него.

Та нели тешкотиите се за тоа – да се справиш со нив. Дотука со шегите, бидејќи следната година навистина ќе е заситена со многу настани, при тоа контрадикторни.

Промена на работата, можеби со нископлатена. Но, пак ќе се покаже поинтересна. Разделба со некој близок. Но и познанство со многу нови луѓе. Промена на живеалиштето. Можеби со помало, но пак во поубаво соседство.

Нешто како ѓердан од бели и црни монистра, нешто како синусен облик, нешто како танго (две напред – едно назад) … но мајмунот не е од страшливците, тој е душа оптимистичка. Умее да се радува на малите задоволства, брзо заборава на проблемите и додека се почувствува ќе настапи вљубената 2018-та, кога Мајмунот повторно ќе си каже: беше една прекрасна година !!!

Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017, 2029, 2041)

Како ќе се чувствува петелoт во својата година? Јасно дека во “свои води”. Креативниот потенцијал ќе е во пораст и петелот постојано ќе генерира профитабилни идеи.

Година, исполнета со емоции и страсти, во кои треба да се потопи целосно и целосно, за да ги добие очекуваните резултати. Прво ќе се професионалните успеси. Родените во годината на петел ќе напредуваат и во доста случаи неочекувано.

Ќе го зголемат материјалниот статус, ќе ги реализираат дури и најхрабрите идеи. Позитивен фактор е дека секојдневната динамика воопшто нема да влијае врз психата на петелот и нема да предизвика напор.

Личните односи може да се малку конфликтни, но за врзаните до разделба нема да дојде. Што се однесува до неврзаните, ангажирани со работа, тие едвај ќе започнат сериозна врска.

За петелот е важно да знае дека не смее да ризикува и да се внесува во било какви авантури, кои може да се фатални.

Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018, 2030, 2042)

Мотото на Кучето во годината на петел треба да е “трпение”. Само тоа ќе му е потребно за да се ориентира во ситуацијата и да се справи со сите тешкотии кои ќе му паднат на главата уште со “првите кукурикања” на петелот.

Кучето ќе постигне многу, но не секогаш во рамките на прелиминарните очекувања како време и ефект. Задржувањето на достигнатото ниво ќе се покаже поважно од регистрирањето на нов напредок.

Кучето мора да ги прифати проблемите како природна проверка на неговата лична издржливост. Тоа не само што треба да ги надмине тешкотиите, тоа треба да направи и нешто многу покомплицирано, да ги оправда поставените спрема него очекувања и да докаже дека може многу повеќе. Бидејќи Кучето е исклучително верен пријател, тогаш тие ќе му одговорат со истото и тоа ќе добива помош во секоја критична ситуација.

Финансиските приходи ќе се редовни, но не повеќе од наводните. Семејните претставници на овој знак ќе ги испеглаат противречностите, обезбедувајќи си постојани приходи. Што се однесува до бракот, тогаш тие најверојатно ќе го постават почетокот на нова врска со постар партнер.

Свиња (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019, 2031, 2043)

Свињата не сака да брза, но во годината на петелот тоа ќе ѝ се наметне. Треба да е од акција, да реагира флексибилно на предизвиците и да се искористи од нив. Штом тоа го направи, ќе обезбеди висок приход, ќе ги стабилизира своите финансии.

Некои достигнувања на свињите може да останат незабележани или недоволно популарни и тоа да предизвика сомнежи во сопствените можности. Во таков момент треба да размислат дали овие достигнувања ѝ носат приход. И ако одговорот е позитивен, тогаш да се обложи на парите, а не на славата.

Годината ќе е заситена со настани кои ќе се надвор од контролата на свињите. За свињата е важно не да се “спасува”, туку да ги прилагодува плановите кон објективната реалност. Ова е вашата победничка тактика која ќе се докаже крајно продуктивна.

Да се систематизираат своите цели, да не се заплеткува во ситници и да не ги растура своите сили. Ако ги почитуваат овие правила, свињите нема да имаат никакви проблеми ниту во социјален, ниту во професионален, ниту во финансиски, ниту во личен план.

Романтичните односи може да се малку нестабилни, но пак ќе се возбудливи.