Што предизвикува суви и испукани усни

од Vladimir Zorba
919 прегледи

Сувите и испукани усни претставуваат причина за непријатност не само поради нивниот лош изглед, но и поради непријатното чувство кое го создаваат.

Уште поважно е дека сувите и испукани усни можат да бидат знак за некој проблем во организмот.

Треба да проследиме некои од причините одговорни за непријатната состојба …

Климатските услови

Својствата на кожата на усните се такви што таа ја губи влажноста помеѓу 3 и 10 пати побрзо во споредба со кожата на другите делови на телото. Климатските услови се најчестата причина за суви и испукани усни. Сувиот воздух и честото изложување на сончеви зраци можат да се причина кожата на усните да ја загуби влагата многу брзо.

Дишење преку уста

Кога зборуваме за подолг временски период, усните се сушат. Кога воздухот постојано поминува низ нив, како кога зборуваме или дишеме низ устата, при затнат нос, тоа може да доведе до напукнување.

Земање на лекови

Некои лекови за лекување на хипотироидизам, тешка форма на акни, висок крвен притисок, заедно со некои други лекови, исто така, може да се причина за сушење на пукнатините на кожата на усните. Овие несакани ефекти не се забележани меѓу сите, но ако се утврди ваквата зависност, треба да се консултираме со лекар.